Бугарија со сомнителен пенал ја победи Македонија за играчи до 16 години

Македонската репрезентација за играчи со 16 години минимално со 1:0 загуби од врсниците на Бугарија во меч од контролен турнир. Според оскудните информации кои доаѓаат за овој фудбалски меч, Бугарија до победата стигнала со гол од пенал, кој бил сомнителен, но сепак досуден во корист на тинејџерите од Бугарија.

На крајот, токму тој момент бил решавачки за победа на Бугарија.

Денеска веќе се три македонски репрезентации кои ги одиграа своите мечеви и сите три загубија. Младата селекција до 21 година загуби од Летонија со 3:0 на турнир во Турција, додека женската репрезентација за играчи до 17 години беше понижена од Германија со 13:0.

До крајот на денот останува уште сениорската македонска репрезентација да играм, и тоа на арената „Тодор Проески“ против Малта, во обид денеска да ја спаси честа на македонскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести