Бугарија цела година нема победа, а сега доби нов селектор

Илиан Илиев е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија. Тамошните медиуми потврдуваат дека се договорени сите детали и дека Илиев за две недели треба да дебитира на селекторското столче. Илиев е и тренер на Черно Море и тој парарелно треба да ја доработи сезоната со клупски обврски, а потоа ќе се фокусира само на селекторските задачи.

Новиот селектор ќе дебитира на дуелот Бугарија – Унгарија, кој ќе се игра на „Васил Левски“ на 16 ноември, во рамките од квалификациите за ЕП 2024 година. Три дена подоцна Бугарија ќе гостува кај Србија.

Бугарија игра очајно во квалификациите и по шест кола е на последното место во групата само со два освоени бода. Оваа репрезентација е без победа точно една година и во последните девет средби има шест порази и само три нерешени дуели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести