Бугарија и Италија ќе играат во утрешното финале на Светското првенство во одбојка за мажи кое се одржува во Филипини.
Бугарите ќе играат финале за првпат после 55 години. Тогаш на свој терен во Софија го загубија финалето од Источна Германија, а утре имаат прилика да испишат историја и првпат да го освојат златото. Денеска во полуфиналето беа подобри од сензацијата Чешка со 3-1 во сетови.
Во другото полуфинале, актуелниот светски првак Италија беше подобра од Полска со чисти 3-0 во сетови.
Бугарија десет години нема победа над Италија, па Аѕурите ќе бидат фаворити на хартија.