Бугарин ги скара Реал и Селта, ВИП гостите од Виго не доаѓаат во Мадрид

Реал Мадрид по долг период денеска пак ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“, но во ложата на култниот стадион ќе нема претставници на Селта Виго.

Гостите се лути на гигантот, откако Реал Мадрид и буквално им го украде 12-годишниот талент Брајан Бугарин.

Бугарин беше најдобар стрелец во Ла Лига за надежни фудбалери и е голем талент, но Реал не ги почитуваше правилата, барем според мислењето на раководството на Селта и успеа да го донесе американското момче во Мадрид.

https://twitter.com/Radioestadio/status/1436998904038543363?s=20

Претставниците на Селта се уште се лути по неџентлментскиот потег на гигантот од Мадрид и денеска од 21 часот нема да бидат во ВИП ложата на „Сантијаго Бернабеу“.

Во Ла Лига веќе е стандардна пракса претседателите на клубовите и дел од раководните луѓе на клубовите заедно да ги следат натпреварите од ВИП ложата.

 

- Оглас -

Најнови вести