Бугарин кој се вика Индијана, со голови во 87 и 90 минута му донесе победа на Интер Мајами (Видео)

Интер Мајами на драматичен начин со пресврт и голови во 87-ма и 90-та минута победи со 2-1 против Минесота во меч од МЛС лигата, а јунак не беше Гонзало Игуаин, туку Американец со бугарски потекло.

Станува збор за 21-годишниот Индијана Денчев Василев. Родителите на Василев се Бугари кои во 90-тите се преселиле во САД.

Инаку, Василев во игра влезе во 82-ра минута и за девет минути направи дар-мар со своте први голови сезонава. Тој е играч на Астон Вила, а во тимот чиј газда е Дејвид Бекам игра како позајмен.

- Оглас -

Најнови вести