13.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Бугарите алармираат дека ќе станат фудбалско џуџе ако денеска загубат од Турција

Бугарија игра очајно во фудбалските квалификации за пласман на Светското првенство и нема никакви шанси да игра на Мундијалот. Во четири меча, Бугарија има четири порази и очајна гол=разлика од само еден даден и дури 16 примени голови.

Бугарија вечерва гостува кај Турција, а многумина веднаш „прокнижија“ нов пораз на нашиот источен сосед. Точно една година Бугарија нема победа (од 15 ноември лани против Луксембург со 0:1). По таа победа, Бугарија нареди седум порази и само две нерешени средби.

Лошите игри и резултати значеше и пад на ФИФА листата на 91 место во светски ранг. Бугарите пишуваат дека нивната селекција од денеска може да се нарече и „фудбалско џуџе“, доколку загубат од Турција на гости.

Зошто велат „фудбалско џуџе“? Се работи за бројките што се однесуваат на натпреварите на Бугарија за Светското првенство – квалификации и финалиња. Досега има одиграно 167 средби, а билансот е по 65 победи и порази, а 37 нерешени резултати. Гол-разликата е негативна – постигнавме 238 гола, а примивме 260.

Ако загуби од Турција, Бугарија ќе има негативен биланс во квалификациите и завршните турнири на СП, па затоа сами си велат дека ќе станат фудбалско џуџе.

 

- Оглас -

Најнови вести