Бугарите едноставно не ги интересира Европа, Лудогорец со најслаба посета на мечевите во ЛЕ

Бугарскиот првак Лудогорец синоќа загуби на свој терен со 0:2 од Митјиланд во меч од седмото коло на фудбалската Лига на Европа на УЕФА. По овој пораз, Лудогорец и дефинитивно ги загуби шансите да оди во нокаут-фазата и останува само со три ремија и дури четири порази во групната фаза.

Тоа што го одбележа овој дуел беше и слабата посета на трибините на стадионот во Разград. На стадионот имаше очајни 3.847 гледачи, што претставува најмала посетеност за ова коло во Лигата на Европа од сите 18 натпревари кои беа на програмата.

Најголема посетеност имаше на „Олд Трафорд“, каде што имаше 73.288 гледачи кои ја проследија победата на Манчестер јунајтед против Ренџерс со 2:1. На дуелот во Франкфурт имаше 55.500 гледачи на дуелот Ајнтрах – Ференцварош.

- Оглас -

Најнови вести