Екипата на ЦСКА Софија се најде во центарот на вниманието на бугарската спортска јавност бидејќи при денешната победа од 0:1 на гостувањето кај градскиот ривал Септември Софија, не ги почитуваше правилата за фер-плеј.
ЦСКА голот вреден три бода го постигна на контроверзен начин, домашните фудбалери ја исфрлија топката во аут бидејќи еден нивен играч беше повреден.
Но, фудбалерите на ЦСКА Софија, по изведувањето на аутот, наместо топката да им ја вратат на играчите на Септември, тие преку контранапад постигнаа гол.