Бугарите очекуваат 200 Македонци на трибините во Разград

Бугарските медиуми најавуваат дека на вечерашниот меч од Лигата на нациите помеѓу Бугарија и Македонија во Разград, на трибините на „Хувефарма арената“ ќе има околу 10.000 присутни, од кои 200 ќе бидат Македонци.

Македонските фанови со автобуси и во приватна режија со автомобили или се на пат кон Разград или веќе се таму и се подготвени да им помогнат на Црвено-жолтите да извојуваат победа.

Иако бројчано ќе бидат помалку од домашните, македонската песна ќе грми на стадионот на Лудогорец, а на фудбалерите им останува да го дадат максимумот на теренот и да освојат три бода.

- Оглас -

Најнови вести