Бугарите се исплашија од Фалангата, дуелот со Македонија ќе се игра далеку, во Разград

Фудбалската репрезентација на Македонија на 2 јуни го започнува циклусот натпревари за новото издание од Лигата на нации за сезоната 2022/2023, а во првото коло гостуваме во Бугарија.

Од ФФМ информираа дека дуелот со Бугарија нема да се игра на Националниот стадион „Васил Левски“ во Софија, туку на „Хувефарма арената“ во Разград. Софија е многу поблиску до Македонија отколку Разград, па веројатно домаќините не сакаат голем број на македонски фанови на трибините и низ улиците на главниот град.

Во јунскиот циклус, Македонија ќе гостува и кај Гибралтар, а дома ќе играме со Грузија и Гибралтар. Последните две кола се во септември. Најпрвин гостување кај Грузија, па дома со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести