Бугарите се самоказнија: Против Унгарија ќе играат пред празни трибини

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, и официјално ја потврди информацијата која веќе неколку дена кружи низ медиумите во Бугарија дека квалификацискиот дуел против Унгарија ќе се одигра пред празни трибини.

Бугарскиот фудбалски сојуз се одлучил на ваков потег поради страв од навивачки нереди. Бугарите се последни во својата квалификациска група за пласман на Европското првенство, па тоа предизвика гнев кај навивачите.

За одлуката натпреварот да се игра без гледачи веќе се информирани и Унгарците, а токму и поради тоа натпреварот нема да се игра во Софија, туку во Пловдив на 16 ноември.

- Оглас -

Најнови вести