Бугарите се следен противник на Италија, ќе им направат почесен тунел на шампионите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Јасен Петров, дал предлог Бугарите да им направат почесен шпалир на актуелните европски прваци, Италијанците, пред нивниот меѓусебен меч на 2 септември од квалификациите за Светското првенство.

Тој меч ќе се игра во Фиренц, и ќе биде прв официјален дуел на Италија по освојувањето на европската титула. Ако не загубат, Аѕурите ќе имаат серија од 35 меча по ред без пораз и ќе го изедначат светскиот рекорд на Бразил и Шпанија.

„За нас ќе биде чест што ќе бидеме првите кои ќе играат против новиот европски шампион. Убаво е кога играме големи мечеви“, изјави Петров.

- Оглас -

Најнови вести