Бугарска работа: Ало такси, дојди на стадион, веднаш до теренот (Видео)

Натпреварот од првенството на Бугарија меѓу Септември Софија и ЦСКА 1948 не донесе некој посебно возбудлив фудбал, но затоа стана вирален поради една друга случка.


Во 78-мата минута на стадионот се појави такси, направи еден круг околу теренот и кога стигна блиску до корнер-знаменцето, се сврте и го напушти стадионот.

Не е познато кој го повикал таксито, ниту дали возачот имал повик од клиент кој бил на натпреварот, но сцената како такси возилото се движи околу теренот, се разбира, благодарение на социјалните мрежи, стана вирална.

„Неверојатниот свет на бугарскиот фудбал!“, „Ова е Бугарија“, „Ова може да се случи само во Бугарија“, беа некои од коментарите.

- Оглас -

Најнови вести