Бугарска романтична трагикомедија (видео)

Ваква комедија нема ниту во театар. Во неделата, тимот на Славија Софија гостуваше кај Лудогорец во рамките од седмото коло во бугарскиот шампионат. Средбата во Разград заврши без голови, а ќе беше поинаку доколку судијата не го поништеше погодокот на Вандерсон во 79-тата минута.

Фудбалерот на Лудогорец ја затресе мрежата на противникот и истрча на трибините да прослави со својата сопруга, а притоа не виде дека неговито гол не важи и екипите продолжија да играат. Трагедијата е во тоа што Вандерсон го постигна голот од регуларна позиција, меѓутоа судијата не ја смени одлуката.

Измина речиси една минута пред тој да се врати на теренот, но важно не пропушти да си ја бакне љубовта на својот живот.

https://twitter.com/shumansko/status/1165992090158936066?s=19

- Оглас -

Најнови вести