Дуелите со коишто треба да се комплетира второто коло во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА се играат во моментов. Од сите натпревари, највозбудливо со голови е во Данска, каде што Нордсјиланд е домаќин на Лудогорец.
На Нордсјиланд му беа доволни помалку од 100 секунди за да го постигне првиот погодок, а веќе во 11-тата минута беше 2:1 за домаќините. Лудогорец во тие моменти делуваше дека ќе биде рамноправен ривал, но потоа се случи нов фронтален напад на Нордсјиланд и домаќините постигнаа уште два гола во 31-вата и 33-тата минута за предност од убедливи 4:1.
Интересно е дека во останатите седум меча во Конференциската лига кои се играат во моментов, вкупно се постигнати четири погодоци, односно еден помалку од тоа што има на дуелот Нордсјиланд – Лудогорец.