Бугарскиот селектор ја пофали Македонија и вели дека примиле смешен гол

Јасен Петров ја пофали Македонија, но вели дека Бугарија примила смешен гол со кој балканското дерби во Лигата на Нации заврши нерешено 1:1.

„Игравме против многу добар ривал, но некако беспотребно брзавме. Правевме грешки, бидејќи имавме желба да победиме. Примивме смешен гол, но сега нема можност за да се исправи киксот.

Се надевам дека ќе бидеме подобри против Грузија“, изјави Петров. Комплиментите за Македонија се чин на одличен гест на бугарскиот селектор, на меч на кој неговите избраници шутнаа само еднаш кон нашиот гол и со погодокот на Кирил Десподов во 13. минута освоија еден бод.

Милан Ристовски беше стрелец за Македонија во 50. минута за старт со реми во новиот циклус на Лигата на Нации.

- Оглас -

Најнови вести