Англискиот премиерлигаш Арсенал и Букајо Сака постигнаа договор, и наскоро ќе биде официјално соопштено продолжувањето на неговата соработка со клубот.
Производ на младинската академија е еден од највредните играчи на Арсенал и важен дел од системот на Микел Артета. Многу е популарен кај навивачите, и тој наскоро ќе потпише нов договор до 2030 година со подобрени услови, откако сегашниот му истекува во 2027 година.
Крилниот напаѓач веќе има одиграно 277 натпревари за првиот тим на Арсенал, со 76 голови и 71 асистенција.
Арсенал се надева дека Сака ќе биде вистински божиќен подарок за навивачите, а официјалното соопштение се очекува до крајот на годината.
Оваа сезона, Букајо Сака одигра 14 натпревари и постигна шест голови.

