9.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Букајо Сака потпиша нов договор: „Дојдов во Арсенал на проба на мои седум години…“

Арсенал официјално потврди дека Букајо Сака потпишал нов долгорочен договор со клубот. Од „Емирати“ не го откриваат точниот рок на договорот, но уште пред два дена англиските медиуми објавија дека трае до летото 2031 година.

Англискиот репрезентативец ќе стане најдоброплатен играч на Топчиите, со плата од 300.000 фунти неделно.

Сака, кој моментално има 24 години, се приклучи на академијата на Арсенал во мај 2010 година. Тој е играч со најмногу настапи, голови и асистенции од сегашниот тим, со вкупно 78 погодоци во близу 300 натпревари за клубот во сите натпреварувања. Дебито за првиот тим го имаше во ноември 2018 година, на 17-годишна возраст.

„Се чувствувам неверојатно. Мислам дека ова е фантастичен момент за моето семејство и за мене. Има огромна радост што ќе го продолжам мојот пат во овој клуб. За мене ова беше лесна одлука и само се надевам дека ќе освојам сè тука.

Патот што го изодив, како јас така и тимот, е посебен. Верувам дека во следните неколку години ќе можеме да освојуваме трофеи и да пишуваме историја за овој клуб. Се вративме таму каде што ни е местото, се бориме за сè.

Кога ќе се потсетам на крајот на кариерата, сакам да можам да се погледнам назад и да видам дете кое почнало на седум, осум години на проба во Арсенал, а потоа поминало цел пат за да го освои секој можен трофеј“, изјави Сака за официјалниот сајт на Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести