32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Букна корона кај Реал Мадрид, позитивни се Куртоа, Винисиус, Валверде и Камавинга

Реал Мадрид има дополнителни проблеми со корона-вирус и уште четворица фудбалери имаат позитивни тестови.

Објавено е дека квартетот Куртоа, Винисиус јуниор, Валверде и Камавинга се позитивни на ковид-19 и веќе се во изолација.

Реал претходно во текот на минатата недела објави дека и Марсело и Модриќ имаат позитивни тестови, но Хрватот брзо куртули откако направи уште еден тест на кој беше негативен.

Ла Лига има големи проблеми со ковид-19, а најтешка е ситуацијата во Рајо Валјекано, чиј голман е нашиот репрезентативец Столе Димитриевски. Имаат дури 17-мина заразени, а рекордот е кај второлигашот Луго дури со 20 позитивни на тестовите за корона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести