На нешто повеќе од 24 часа до стартот на првиот историски меч на македонската фудналска репрезентација на едно големо натпреварување, Букурешт е подготвен да ги прими нашите навивачи. На Националниот стадион се вршат последните подготовки за утрешниот меч.
Пред стадионот се отворени и фан шоповите на кои може да купат сувенири. Едно од најпродавани се шаловите на кои стојат боите на Македонија и Австрија. Еден таков шал се продава за околу 18 евра. Освен шаловите, може да купите и дрес од Австрија, но не и тој на Македонија. Не знаеја да ни објаснат зошто нема македонски дресови, но со задоволство се фотографираа со шалот на двете селекции кои утре ќе го одиграат првиот меч на стадионот во Букурешт.