12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Булатовиќ сам го победи Работнички, „лавовите“ и со играч помалку до бод во Струмица

Фудбалерите на Пелистер забележаа голема победа во битката за опстанок во прволигашката конкуренција, над Работнички, и тоа благодарение на српскиот интернационалец, Лука Булатовиќ, кој постигна хет-трик во триумфот од 4-1.

За разлика од битолчани, скопските „романтичари“ сега се во уште понезавидна позиција и со заостанување од 12 бода од местата кои водат во баражот.

Булатовиќ погоди двапати во првиот дел, во 16-тата и во 34-тата минута, а Демири од пенал во 36-тата минута ги постави конечните 2-1 на полувремето.

Србинот во 49-тата минута го постигна и третиот гол на овој меч и на тој начин стави печат на победата на Пелистер. Конечните 4-1 за битолчани ги постави Вилдан Керим во 94-тата минута.

На вториот денешен меч, струмичка Брера одигра 1-1 на домашен терен против Македонија ЃП. Домашните поведоа преку Петровиќ во 20-тата минута, а израмни Пецов во последната минута од првиот дел, откако Вргов го одбрани неговиот пенал, но фудбалерот на Македонија ЃП беше поуспешен при одбиената топка.

Табелата по 17-тото коло: 1. Вардар 45, 2. Струга 41, 3. Шкендија 39, 4. Силекс 32, 5. Башкими 23, 6. Арсими 22, 7. Тиквеш 21, 8. Брера 20, 9. Пелистер 19, 10. Македонија ЃП 16, 11. Работнички 7, 12. Шкупи 1.

- Оглас -

Најнови вести