Единсон Кавани по сите изгледи ќе заврши во редовите на Манчестер јунајтед, откако неговиот агент денес успеал да го договори ангажманот со претставниците на 20-кратниот англиски првак.
Црвените ѓаволи по низата неуспеси да доведат ѕвезда на „Олд трафорд“ во претстојниот преоден рок, конечно изготвија голем ангажман за своите навивачи.
Рекордерот на ПСЖ по бројот на погодоци цело лето е во потрага по ног клуб откако го напушти Париз по завршувањето на договорот. Блиску беше до Атлетико Мадрид, а потоа и до Бенфика, меѓутоа двата клуба не сакаа да ги прифатат неговите услови.
Кавани најдоцна до понеделник треба да биде претставен како нов играч на Манчестер јунајтед, по потписот на двегодишниот договор кој му е понуден на маса.