Бум: Суарес и Меси повторно ќе бидат соиграчи?

Уругваецот Луис Суарес дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид по завршувањето на сезонава, тој речиси сигурно се сели во топлите краишта на Флорида во САД и ќе игра за Интер Мајами.

Договорот на Суарес со Атлетико истекува на крајот на јуни, па голгетерот како слободен ќе се пресели во МЛС лигата.

Има шпекулации дека на Лионел Меси не му легна Париз, и дека и тој сака да игра некаде каде што времето е потопло. Можно е тој да му се придружи на Суарес во Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам, но не сега, туку во летото 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести