Јанис Адетокумбо фрли два бунари од слободни фрлања, а видеоснимката од смешните утки на еден од најдобрите копшаркари на светот се хит.
Грчкиот репрезентативец се посрамоти со двете катастрофално изведени слободни фрлања, а топката едвај ја погодуваше мрежичката, а беше далеку од обрачот.
По првиот бунар што го фрли, Јанис дури и вежбаше како на поправен испит, но второто фрлање му беше дури и полошо од исклучително лошиот прв обид.
На мечот против Бостон, што неговиот клуб го загуби со 105:116 по катастрофалното лошо второ полувреме, Адетокумбо имаше учинок од 22 поени, 14 скока, а погоди шест од вкупно 10 слободни фрлања, но ги имаше и двете легендарни утки.
Погледнете ги бунарите на Јанис.
Giannis, you good? pic.twitter.com/J8qxsvVeeI
— NBA Retweet (@RTNBA) October 31, 2019