Екипата на Дармштат е нов член на Бундес лигата, откако вечерва го совлада Магдебург со 1-0 и теоретски го обезбеди пласманот на една од првите две позиции во “цвајта“.
Натпреварот беше решен во 36-тата минута со погодокот на Тиец. Дармштат сега е лидер во втората Бундес лига со 67 бодови, шест повеќе од второпласираниот Хајденхајм и што е уште поважно, седум повеќе од третопласираниот Хамбургер. Пласман во повисок ранг посат првите две позиции, додека третиот игра бараж. Конкурентите на Дармштат имаат уште по два натпревари до крајот на сезоната и теоретски не можат да го поминат на табелата.
Екипата на Дармштат има одиграно само четири сезони во најквалитетната германска лига, а последен пат беа дел од елитата во 2017-тата година кога како последнопласирани испаднаа во понизок ранг.
https://twitter.com/sv98/status/1659628215520903314?s=20