Бундеслигашите се расположени за давање голови

1154 Нотингам ф. – Манчестер јун. (21 часот)

Манчестер јунајтед со поразот во големото дерби против Арсенал, драстично ги намали шансите за титулата во Премиер лигата и најдобра шанса за освојување на трофеј му се англиските купови.

Вечерва Црвените ѓаволи го играат првиот полуфинален натпревар во ФА купот против Нотингам форест. Во првиот меѓусебен дуел годинава, Јунајтед славеше со убедливи 3:0. Исто така и традицијата е на страната на Јунајтед против тимот кој има повеќе титули како европски шампион отколку како англиски првак и за очекување е нова победа на Црвените ѓаволи.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.25)

 

1805 Мајнц – Борусија Д. (18.30 часот)

Првото коло во пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата беше едно од најефикасните во последните неколку децении, а свој удел во тоа имаше и Борусија Дортмунд, која го совлада Аугсбург со 4:3. Вечерва Милионерите играат против Мајнц, кој во саботата ремизира на гостувањето кај Штутгарт (1:1) и за очекување е да одиграат уште еден ефикасен натпревар.

Иако Белингем и Ројс кои се стандардни во првиот тим на Милионерите нема да настапат, но тренерот Един Терзиќ има доволно офанзивно оружје кое ќе гарантира голови, а едно од решенијата во нападот се очекува да биде Себастијан Але, кој го победи ракот на тестисите и се врати на терените.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

2834 Феенорд – НЕK (21 часот)

Феенорд во неделата ремизира на големото дерби на холандскиот фудбал против Ајакс (1:1), но остана на лидерската позиција на табелата. Феенорд има две победи повеќе од АЗ и три од ПСВ и победите му се потребни во трката за титулата. НЕК Најмехен пак се наоѓа на деветтото место на табелата и нема пораз во 2023 година. Феенорд е фантастичен сезонава, има само еден пораз во 17 меча и се очекува вечерва да дојде до нова победа.

Предлог тип: 1-1 2+ (2.00)

 

281325 Барселона – Реал Сосиедад (21 часот)

Барселона во четвртфиналето на Кралскиот куп ја очекува дуел со Реал Сосиедад, кој исто како и каталонскиот тим, се наоѓа во одлична форма. Барселона е лидер во Ла Лига, додека Реал Сосиедад е третопласиран и се наоѓа во серија од пет победи по ред. Иако Баскијците се во одлична форма, голем фаворит за триумф е Барселона, која под водство на Чави Ернандес конечно игра фудбал каков што очекуваат нивните навивачи.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.30)

 

1806 Баер Л. – Бохум (20.30 часот)

Баер Леверкузен по очајниот старт, конечно влезе во победнички ритам и моментно има четири триумфи во низа во Бундеслигата, а вечерва се очекува да дојде и до петтиот. Во претходното коло славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 3:2, а постигнува најмалку по два гола на последните седум натпревари во Бундеслигата.

Баер исто така е одличен кога игра пред своите гледачи, последниот пораз го доживеа уште во октомври од Порто во ЛШ, а згора на тоа, и традицијата е на страната на Фармацевтите. Баер последниот пораз од Бохум на домашен терен го доживеал дури пред 15 години.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.35)

do_widget id=custom_html-5]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести