Борусија Дортмунд покажа дека знае да победува и без Ерлинг Халанд во тимот. Милионерите на свој терен со 2:1 го победи Аусбург, благодарение на головите на Гуереро од пенал во 10 минута и на Брант на почетокот на второто полувреме. Зекири погоди за гостите кога израмни на 1:1, но тоа до крајот не беше доволно да се спаси Аугсбург од пораз.
Сите четири меча кои се играа попладнево беа со голови во мрежите на двата тима. Фрајбург во Берлин со 2:1 ја победи Херта, а на гостински терен се радуваше и Борусија Менхенгладбах кај Волфсбург со 3:1. Предноста на домашен терен ја искористи Штутгарт кој со 3:1 се радуваше против Хофенхајм.
Ако се знае дека и синоќешниот дуел од Бундеслигата меѓу Келн и Гројтер Фурт заврши со 3:1, очигледно е дека сите мечеви од ова коло завршија со популарната игра за обложување „гол-гол 3+“, што носи одлични коефициенти во Sport Life.

