Бундеслигата приреди изненадување какво што ретко се гледа, во досегашниот дел од шестото коло, победи остварија сите гостински екипи. Се одигра вкупно шест меча досега, од кои пет почнаа денес во 15:30 часот, а вкупниот коефициент на шестте „двојки“ е 150.31. Ако се одземе вчерашната победа на Ајнтрахт од 2-1 на гости кај Унион Берлин, голема квота носат и денешните шест пресметки, вкупно 62.63.
За овој учинок да биде уште поневозможен, Баерн, Леверкузен, Мехненгладбах, Волфсбург и Шалке победите ги остварија при водство во двете полувремиња, што значи петте меча би имале квота од 498.58 со типовите 2-2. На дури на четири дуели се постигнаа повеќе од три гола.
Баерн славеше со 3-2 (1-0) против Падерборн, Баер Леверкузен славеше со убедливи 3-0 (1-0) против Аугзбург, идентичен резултат беше на средбата меѓу Хофенхајм и Менхенгладбах (0-3, 0-1 на полувреме), додека минимални 1-0 беа доволни за Волфсбург на гости кај Мајнц. Шалке изненади кај Лајпциг со конечни 1-3, а таа двојка имаше најголема квота од 4.95.
На денешната програма од шестото коло останува уште дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Вердер Бремен (18:30ч), додека за утре се предвидени уште средбите Ф. Дизелдорф – Фрајбург (15:30ч) и Келн – Херта(18:30ч).