Бундеслигашот Вердер Бремен објави дека го ослободил Хорст Штефен од функцијата главен тренер.
Во 20-то коло од Бундеслигата, Вердер одигра нерешено 1-1 со Борусија Менхенгладбах и тоа беше десетти натпревар по ред без победа во германското првенство. Тимот од Бремен нема победа уште од 7-ми ноември.
Штефен седна на клупата на Вердер минатото лето. Под негово водство, тимот победи на четири меча, седум пати одигра нерешено и загуби на девет.
Вердер е на 15-то место на табелата со 19 бода, само еден бод пред Мајнц, кој е во опасната зона.

