Бундеслигата доби клуб и навивачи што се уникат (Фото)

Унион Берлин е нов член на Бундеслигата, а елитното германско натпреварување доби уникатен клуб и навивачи во своето друштво.

Фудбалскиот свет се уште го памети гестот на раководството на клубот и на симпатизерите на Унион во 2006 за време на Мундијалот во Германија.

Го отворија стадионот и го претворија во еден вид дневна соба. Принципот беше интересен донеси си кревет и уживај во натпреварите од Светското првенство и тоа бесплатно.

Германија го освои пехарот, а Унион Берлин беше оригинален пример за гостопримство, кое знаеја да го ценат фудбалските фанатаци на Мундијалот во 2006 година.

- Оглас -

Најнови вести