Бундеслигата е гол-шоу, вакво нешто не е видено 37 години!

Голот на Адам Хложек со кој Баер Леверкузен поведе, а на крајот и победи со 2-0 против Бохум, беше 500-тиот гол во Бундеслигата сезонава, со што оваа сезона е прва по 1985/86 во која во првите 17 кола биле постигнати 500 или повеќе погодоци.

Со просек од 29,5 голови по коло, што е во просек над три гола по меч, сезонава е спектакуларна што се однесува до ефикасноста.

Унион Берлин со победата во Бремен против Вердер, се искачи на второ место, со три бода помалку од Баерн Минхен. Баер Леверкузен има пет победи по ред, важна победа во битката за опстанок извојува Аугсбург над Борусија Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести