Бундеслигата го доби 34-тиот клуб кој барем едно коло бил на лидерската позиција

Унион Берлин е тимот кој имаше најмногу причини за радост по завршувањето на шестото коло во Бундеслигата. Екипта од главниот град на Германија е лидер на табелата со 14 бодови, еден повеќе од Фрајбург, додека актуелниот првак Баерн Минхен заостанува два бода.

Ова е прв пат во долгогодишната историја на Унион Берлин, клубот да биде прв во Бундеслигата. Тоа е вкупно 34-ти клуб во Германија кој гордо може да каже дека барем едно коло завршил како лидер во Бундеслигата.

Унион Берлин вчера со 1:0 победи на гости кај Келн, а во корист им беше и ремито на Баерн Минхен против Штутгарт (2:2), како и фактот дека Фрајбург не победи во дуелот против Борусија Менхенгладбах (0:0).

- Оглас -

Најнови вести