29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Бундеслигата го сруши рекордот за гледаност

По двомесечна пауза од вчера повторно ги има возбудувањата во Бундеслигата Германците беа први кои решија да го продолжат првенството во ера на Коронавирусот. Навивачи немаше на трибините, има многу чудни и нови правила кои се воведени како превенција поради опасниот вирус, по возбудувањата беа пренесувани на телевизија и стигнаа до сите љубители на најважната споредна работа во светот.

Само во Германија, повеќе од шест милиони гледачи ги следеа преносите од саботните мечеви, а телевизијата Скај која ги пренесуваше дуелите го собори сопствениот рекорд во гледаност на германското првенство.

Само саботните мечеви кои започнаа од 15:30 часот ги следеа 3,68 милиони гледачи на каналите кои се плаќаат преносите, а тоа е двојно поголема бројка од вообичаеното кога има мечеви од Бундеслигата во попладневниот саботен термин.

На бесплатниот ТВ Канал Спорт мечевите ги следеле 2,45 милиони гледачи, што само покажува колку фудбалот недостасувал во овој двомесечен период на пандемијата со Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести