Специјализираниот портал за фудбалски трансфери „Трансфермаркет“ ги ажурираше вредностите на фудбалерите кои настапуваат во Бундеслигата. Пред почетокот на оваа сезона на врвот беа Вирц, Мусијала и Кејн со вредност од по 110 милиони евра. Сега на врвот повторно се овие тројца фудбалери, но со различна вредност.
Прв, како најскап во моментов, е Флоријан Вирц, фудбалерот на новиот германски шампион Баер Леверкузен со вредност од 130 милиони евра. Следуваат двајцата фудбалери на Баерн Минхен, Мусијала со вредност од 120 милиони евра и Хари Кејн со вредност од 100 милиони евра.
Флоријан Вирц воедно е највредниот германски фудбалер во историјата на „Трансфермаркет“ со неверојатни 130 милиони евра.