Бундеслигата ќе се игра со публика, ама со рестрикциите подобро и да нема

Претставниците на сите клубови од Бундеслигата и Цвајта, се договорија од првото коло во следната сезона да се одобри присуство на гледачи во ограничен број, но притоа да се воведат еден куп ограничувања по кои фановите ќе се чувствуваат како во театар и на оние најтврдокорните, нема да им биде уживање следењето на фудбалски мечеви на германските стадиони.

Ако дозволат политичарите, публика ќе има, но до крајот на годинава нема да има гостински навивачи, туку само фанови на домашните тимови. Не е проблемот само нивното пртисуство на стадионите, туку и патување со возови или автобуси каде ризикот за ширење на заразата е поголем.

Нема да биде дозволено стоење и гушкање, туку навивачите ќе мора да седат. Точењето на алкохол на стадионите досега беше нормална појава, но барем до 31 октомври ќе биде забрането и тоа.

- Оглас -

Најнови вести