Германската фудбалска федерација предлага да се прекине сезоната во Бундеслигата по натпреварите кои се закажни за претстојниот викенд. Сезоната да заврши по 26 кола и да не се прогласи шампион, додека првите четири екипи на табелата ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
Екипите кои се наоѓаат во зоната за испаѓање, во овој случај тоа се Фортуна Дизелдорф, Вердер Бремен и Падерборн, ќе останат дел од елитата, додека оваа алтернатива ќе ги натера организаторите на шампионатот да го прошират форматот на 22 екипи за следната сезона, со тоа што четирите првопласирани екипи од Цвајте би заиграле во елитата.
Според распоредот на табелата, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Лајпциг се сигурни за учество во ЛШ следната сезона, а според резултатите во мечевите од 26-тото коло, четвртото место ќе се одлучи меѓу Б. Менхенгладбах и Баер Леверкузен. Според моменталната ситуација на табелата во Бундеслига 2, Арминија Билефилд, Штутграт, Хамбургер и Хајденхајм се тимовите кои би играле во првата лига доколку се прифати овој предлог.
Пандемијата со Коронавирусот направи тотален хаос на глобално ниво.