Бундеслигата на два дена пред почетокот смени едно важно правило

Германците на два дена пред почетокот на Бундеслигата одлучија дека ќе го прифатат привременото правило за правење максимум пет измени на еден натпревар. Како што е познато, петте измени нема да може да се прават со пет прекини, туку играта може да биде запрена најмногу трипати од еден тим, што значи дека тренерите ќе треба да менуваат двајца или тројца фудбалери одеднаш.

Германската е прва од елитните лиги во Европа која ќе продолжи по двомесечната пауза. УЕФА и ФИФА дозволија поголем број измени бидејќи играчи имаа непланирана пауза и по враќањето, ризикот од повреди постои и добро би било фудбалерите да бидат поштедени. Ќе смее да се користи и шеста измена во еден тим, но само ако на некој куп и друг елиминациски меч има продолженија, па ова не важи за националните првенства.

И од Шпанија најавија дека ќе го применуваат новото правило за пет измени. Ако се покаже како корисно, ова правило може да важи до декември 2022, кога ќе се игра Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести