Бундеслигата на нозе, Лајпциг трие раце: „Внимавајте, го имаме новиот Меси“!

Многумина беа шокирани пред неколку месеци кога почнаа да кружат информации дека Лајпциг одредил цена дури од 100 милиони евра за Јан Диоманде, фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, роден 2006 година, за кого минатото лето му платија 20 милиони евра на Леганес.

Но, Диоманде предизвикува револуција во Бундеслигата и сумата која ја бара Лајпциг почнува да звучат поразумно.

Диоманде дебито го имаше на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид пред помалку од една година, кога од вториот беше префрлен во првиот тим на Леганес. 

„Внимавајте, го имаме новиот Меси“, му рекол еден член на клубот кога му го покажал првото видео од најинтересните моменти од Јан Диоманде, кому му биле потребни само 10 натпревари и малку повеќе од 500 минути во Ла Лига за да го привлече вниманието на Лајпциг. „Морав да бирам помеѓу Леганес или Челзи. Беше ризично, но беше вистинската одлука. Многу луѓе размислуваа само за парите и ми рекоа да одам во Премиер лигата“, неодамна призна Диоманде во интервју за GOAL.

Во германскиот тим дојде за да стекне искуство играјќи во сенка на БакајокоНуса и Баумгартнер. Но, сега е редовен стартер, започна на 22 од 27-те натпревари што ги одигра за Лајпциг досега. Играше и на Африканскиот куп на нациите, каде што се етаблира како еден од најистакнатите играчи на турнирот.

Неговата неверојатна леснотија во дриблањето, во комбинација со огромните физички атрибути само за 19 години, брзо се покажа како непроценлив во натпреварување со високо темпо како Бундеслигата.

Во првите пет европски лиги, само чудо од дете како Ламин Јамал (115) има повеќе дриблинзи од неговите 86 досега… со стапка на успех од речиси 55%.

Диоманде придонесе со 18 гола (11 гола и 7 асистенции) во својата прва сезона со Лајпциг. Единствениот играч под 19 години во тооп лигите во Европа со подобри бројки е само Ламине Јамал (34).

Африканскиот талент потпиша со Roc Nations Sports во февруари, агенцијата што застапува играчи како Винисиус и Ендрик. Лајпциг ги трие рацете од можноста за уште еден мултимилионски трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести