11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Бундеслигата не памти вакви резултати на саботните мечеви

Германската Бундеслига е позната како првенство кое едно од најефикасните во Европа. Не ретко се случува колата да бидат комплетирани со просек од по три и повеќе погодоци на меч.

Сепак, денеска се случи нешто поинаку. На петте натпревари кои се играа од 15:30 часот, беа постигнати само шест голови. Стрелците три пати погодуваа во првото и три пати во второто полувреме на тие пет средби.

Најнеефикасно беше на Гројтер Фурт – Аугзбург каде немаше погодоци. Унион Берлин со погодокот на Макс Крусе во 16 минута стигна до минимална победа од 1:0 на гости кај Бохум.

И на Ајнтрахт Франкфурт доволно му беше да даде еден гол за да ги освои трите бода во дуелот со мајнц. Јеспер Линдстром погоди во 35 минута и тоа беше доволно за победа.

Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах одиграа 1:1 во дербито. Гостите водеа на полувреме со голот на Емболо, а домаќините се спасија од пораз со погодокот на Акпогума во 91 минута.

Лајпциг дома беше голем фаворит за победа против Арминија Билефелд, но на крајот гостите победија со 2:0. Сера го најави изненадувањето со гол во 57 минута, а гостите иако беа со играч помалку во последните 20 минути поради црвениот картон на Клос, до крајот успеаа да дадат и втор погодок за триумф од 2:0.

- Оглас -

Најнови вести