Бундеслигата речиси еден месец беспрекорно се држи до планот за довршување на сезоната во време на корона-вирусот, а веќе од утре се олеснуваат мерките за заштита од ковид-19. Фудбалерите и членовите на стручните штабови повеќе не се принудени да носат заштитни маски, исто така бројот на новинари на натпреварите се зголемува од 13 на 26.
Измените во протоколот важат за сите фудбалски првенства во земјата кои со натпреварување продолжија од 16 мај. Тестирањата ќе продолжат како и досега, а треба да се напомене дека во Бундеслигата нема позитивен случај на корона-вирусот откако продолжи натпреварувањето.
Во иднина можно е мерките дополнително да олабават, се разгледува опцијата финалето во Гермаскиот куп да се игра пред присуство на одреден број навивачи. Битката меѓу Баерн и Леверкузен за куп-титулата е закажана за 4 јули во Берлин.