Бундеслигата веќе никогаш нема да биде иста, едно „правило“ оди во историја

Германската Бундеслига одлучи да направи еден новитет и во иднина да ги „исфрли“ класичните додавачи на топки за време на дуелите од Бундеслигата и втората лига, популарната Цвајте. Одлуката е веќе да нема класични додавачи на топки, туку ќе постојат 18 „станици“ на кои ќе бидат топките, а играчите ќе треба сами да си ги земаат.

Собирачите на топки ќе останат покрај теренот, но тие веќе нема да имаат „контакт“ со фудбалерите и нема да смеат да им ги додаваат топките, туку само да ги наместат на поставените позиции.

Јасно е која е целта на овој новитет. Треба да се намали можноста кога има некој неизвесен меч, домашниот тим да има предност поради брзото или бавното враќање на топките во игра.

Едноставно треба да се исфрли тој „трик“, кој најчесто го користат многу домашни екипи, па сега двете екипи на теренот ќе имаат рамноправен третман, барем кога се работи за добивањето на топката кога таа ќе излезе надвор од теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести