Германскиот фудбалски шампионат ќе продолжи в сабота 16 мај, ќе се игра на празни стадиони, а на сила ќе бидат и мерки за изолација помеѓу противничките екипи, но ќе има правила и за играчите од ист тим што не смеат да прават, за да се озбегне опасноста од зараза од коронавирусот.
Едно од најнеобичните нови правила е дека головите ќе смее да се прослават само со допир лакт со лакт, или стапало со стапало.
Тимовите нема да може да излезат на терен во исто време, во придружба ќе ги нема децата, ќе нема ракување, ниту тимско фотографирање. Според документот кој германската федерација го проследи до сите бундеслигаши, сите што ќе бидат на клупа, ќе мора да носат маски и помеѓу нив мора да има едно празно седиште.
Тренерите ќе може да ја извадат маската кога ќе даваат совети, но ќе мора да бидат еден и пол метар од останатите.