Во Бразил завршија најважните фудбалски првенства, но во паузата се играат дуелите од подрачните и регионалните лиги, како и младинските лиги. Во тек се мечевите од Копиња лигата, а фудбалерите имаат многу реакции за условите во коишто играат.
Екипите на Новоризонтина и Јувентус Самас играа од 13 часот по локално време, кога температурата на воздухот беше над 30 степени, а најголем проблем претставуваше вештачката трева на којашто играа.
Оваа подлога не е погодна за играње на високи температури затоа што дополнително се загрева и предизвикува проблеми за играчите. Мечот бил прекинат дури четири пати. Овој меч не бил единствен на којшто имало проблем поради дополнителната температура која се создава поради вештачката трева.
„Играњето на вештачка трева може да биде погубно за фудбалерите, посебно во летните денови. Не сакаме да играме во вакви услови. Се надеваме дека Фудбалската федерација на Бразил ќе најде соодветно решение“, стои во соопштението на Општинскиот сојуз.

