Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА лигата мака мачи да најде начин како да се доигра прекинатата сезона. Како решение за доигрување предлогот е да сите преостанати мечеви да се играат во „Дизни центарот“ во Орландо и на тој начин да се избегне постојаните преселби на клубовите, а ќе биде и многу намален контактот на кошаркарите со останатите луѓе.
Наместо 30-те клубови, сезоната треба да ја продолжат 22 клубови кои се со обезбеден плеј-оф или имаат шанси да стигнат до разигрувањето за титулата. Сепак и за ваквата идеја постои голем отпор од страна на играчите. Според последните најави, речиси 150 играчи се побуниле и не сакаат да ја доиграат сезоната, бидејќи се чувствуваат несигурно поради пандемијата од Коронавируот.
Еден од главните во бунтот е Кајл Ирвин кој не сака да се доигра сезоната. Кошаркарите се и разочрани затоа што челниците на лигата не сакала да го слушне нивното мислење кога се решавало како да се доигра сезоната. Според планот, лигата треба да продолжи на 30 јули, а во игра остануваат 13 клубови од Западот и девет од Истокот.
Од НБА најавија дека доколку има играчи кои не сакаат да доиграат, кошаркарите нема да бидат казнети, само ќе им се одземе платата за средбите на кои нема да бидат дел. Сепак, ако се случи над 100 кошаркари да бојкотираат, тогаш се доведува во прашање како ќе се доигра сезоната.