Бунт во Њујорк, кој го глуми Синсинати – Тенисерите се бранат меѓу себе, рестартот на сезоната неизевсен

Рестартот на тениската сезона во машка конкуренција е на прагот, турнирот од Мастерс серијата Синсинати треба да почне во сабота, во Њујорк, но има голем проблем со корона-вирусот.

Турнирот поради пандемијата со ковид-19 е преселен во Њујорк, а организаторите одлучија да ги суспендираат Гвидо Пеља и Уго Делиен поради тоа што нивниот физиотерапевт Хуан Мануел Галван бил позитивен на ковид-19.

Проблемот е што тенисерите тврдат дека немало никаков контакт со Галван, кој не бил сместен во соба со нив и дека нема зошто да одат во карантин.

Организаторите одлучија поинаку, па во битката се вклучи и претседателот на Асоцијацијата на професионални тенисери, Новак Ѓоковиќ, кој ги штити тенисерите.

Поддршка за Пеља и Делиен има и од останатите тенисери, па сега организаторот на турнирот со кој треба да се означи нов тениски почеток по полугодишна пауза од март има голем проблем.

Квалификациите за настап на главниот турнир почнуваат денеска, од 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести