Бура од емоции кај Стефан, ѝ честиташе роденден на неговата покојна мајка!

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски неодамна остана без својата мајка, а денеска таа требаше да прослави роденден, па Стефан откако Динамо го елиминира Бетис, се појави во маица на која пишуваше „Среќен роденден мама“.

Од Динамо Загреб на нивниот профил на „Инстаграм“ порачаа дека мајката сигурно е најгорда на него.

За Стефан денешниот ден имаше посебно значење, затоа и успехот го прослави со силни емоции, од голема тага и сеќавање на мајката, до голема радост и славење со соиграчите.

- Оглас -

Најнови вести