Шкендија со многу подобра игра во второто полувреме и со головите на Изаир Емини и на Агим Ибраими успеа да анулира негатива од 0-2 и да одигра нерешено 2-2 против Железничар од Сараево на пријателски меч во Анталија.
Крупиќ и Зец со по еден погодок во првото полувреме му донесоа висока предност на босанскиот гигант, но Шкендија во продолжението беше многу подобра, израмни на 2-2, а можеше и да победи.
Изаир Емини и Агим Ибраими не дозволија пораз за македонскиот шампион, а во финишот Шкендија утна зицер за комплетен пресврт и победа. Во финишот за малку беше избегнат инцидент на теренот, а недоразбирањата на теренот брзо беа надминати.
Ова беше последна контрола за Шкендија на подготовките во Турција.