Бускетс бара трпение: Ни треба време да се навикнеме на новиот тренер

Барселона го претрпе првиот пораз со новиот кормилар Кике Сетиен, а речиси и да нема подобрување во играта на шпанскиот првак по доаѓањето на 61-годишниот стратег.

Барселона вечерва загуби на „Месталја“ од Валенсија со 2:0, а и претходно Каталонците беа неубедливи со новиот шеф на стручниот штаб.

„Мора да одиме понатаму, без разлика на поразот. Играчите треба да се прилагодат на барањата на новиот тренер и мора да подобриме доста работи. Имаше и добри моменти што треба почесто да ги повторуваме и да се вратиме брзо на патеките на успехот“, изјави Бускетс.

Валенсија промаши и пенал во првото полувреме, но сепак победи со автоголот на Алба и голот на Гомес во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести