Бускетс објави дека си оди: Не беше лесна одлука, но сега беше вистинско време да го направам тоа

Она што се најавуваше вчера, денеска доби потврда, официјално е објавено дека Серхио Бускетс ја напушта Барселона по завршувањето на сезонава.

Актуелниот капитен на Каталонците целата 15-годишна професионална кариера ја мина во Барса, но реши летово да си замине.

„Не беше лесна одлука, но дојде време да си одам“, напиша Бускетс, кој веројатно кариерата ќе ја продолжи во саудискиот Ал-Хилал или во Интер од Мајами.

Клубот објави емотивно видео посветено на својата легенда:

https://twitter.com/i/status/1656224007006429184

- Оглас -

Најнови вести