Бускетс се сели во Интер Мајами, повторно ќе биде соиграч со Лео Меси (Видео)

Екипата на Интер Мајами и официјално го претстави Серхио Бускетс за свој нов фудбалер. 34-годишниот сега веќе поранешен фудбалер на Барселона повторно ќе настапува заедно со Лео Меси, а тоа беше пресудно во носењето на одлуката дали да продолжи во САД, а не во Саудиска Арабија. Неговиот договор со Барселона беше истече и тој како слободен фудбалер се сели во Интер Мајами.

Ова ќе биде само втор клуб во кариерата на Бускетс, бидејќи цели 15 години беше дел од Барселона и одигра 722 натпревари со што е на третото место во клупската историја по бројот на одиграни натпревари. Единствени кои имаат повеќе настапи се Лео Меси и Чави Ернандес.

- Оглас -

Најнови вести